УЈП: Работодавачите до 7. јуни да поднесат барања за поддршка за мајската плата

Управа за јавни приходи / СП. архива

Мерката финансиска поддршка за исплата на плати за април ја искористиле 19.350 компании за 127.426 вработени лица.

Работодавачите од денеска па до 7 јуни треба да поднесат барања за финансиска поддршка за исплата на плата за мај 2020 година, а до 5 јуни за субвенционирање 50 отсто придонеси од задолжително социјално осигурување.

Како што соопшти УЈП, од денеска до 5 јуни може да се поднесуваат и барањата за финансиска поддршка од самостојните вршители на дејност.

Во мај УЈП провери и обработи вкупно 23.861 барања за финансиска поддршка за исплата на плата на повеќе од 120.000 вработени. Мал број барања се уште се во постапка на проверување и обработување.

Мерката финансиска поддршка за исплата на плати за април ја искористиле 19.350 компании за 127.426 вработени лица , а мерката субвенционирање 50 отсто од придонесите од задолжително осигурување ја искористиле 1.427 компании со 10.668 вработени од кои 516 од дејноста транспорт, 724 од угостителство и 187 од туризам.

Управата за јавни приходи за економските мерки кои ги спроведува отвори посебна електронска пошта [email protected] каде граѓаните, работодавачите, сметководителите и други заинтересирани страни добиваа одговори околу начинот на поднесување на самите барањата, статусот на барањето, исправање на грешки внесени во барањата,…. На овој маил се поставени над 2.500 прашања кои од страна на даночните службеници се одговараат.

УЈП информира и дека мерката-ослободување од износот за плаќање аконтации за данок на личен доход искористиле 680 даночни обврзници, а мерката ослободување од плаќање аконтации на данок на добивка 818  даночни обврзници и тоа: 165 од дејност транспорт, 126 од дејност угостителство, 86  од дејност туризам, 441 од останати дејности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот