УЕФА: Не сме дозволиле знаме на „Голема Унгарија“ на фудбалските натпревари

фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Голема бура се крена во јавноста по веста дека УЕФА  ѝдозволила на Унгарија на натпреварите на репрезентацијата да ги истакнува симболите на „Голема Унгарија“.

Спорното знаме, за кое барале дозвола, содржи мапа на која се наоѓаат териториите на речиси сите соседни земји со кои се граничи Унгарија – голем дел од Хрватска, делови од Словенија, Австрија, Словачка, Романија, Украина и Србија.

Романија веднаш протестираше и побара објаснување за оваа скандалозна одлука. Се крена голема прашина во целиот регион, УЕФА сфати дека работата отишла предалеку и веднаш следеше реакција. Имено, од Нион демантираат дека им дозволиле на Унгарците да го истакнат спорното знаме. Во писмото испратено од генералниот секретар на УЕФА Теодор Теодоридис до генералниот секретар на унгарската ФА, Мартон Ваги, се наведува дека Унгарија ќе биде казнета доколку ги истакна спорните симболи.

– Ве потсетуваме на нашата претходна кореспонденција од 20 март 2023 година во врска со употребата на знамињата/банерите на „Историска Унгарија“ или „Голема Унгарија“ на натпреварите на УЕФА. Изненадени сме од обвинувањата на медиумите дека УЕФА дозволила вакви транспаренти/знамиња на натпреварите што ги организираме – се наведува во соопштението на УЕФА.

Нион наведува дека никогаш не одобриле знамиња или транспаренти со политички пораки или спорни мапи.

– УЕФА во ниту една фаза не одобрила употреба на какви било знамиња или транспаренти со несоодветни пораки. Предупредуваме дека употребата на такви знамиња или транспаренти подлежи на дисциплински последици кои строго ќе ги применуваме. Ги предупредуваме федерациите дека секоја употреба на такви знамиња или транспаренти ќе биде казнета и најсериозно им препорачуваме на сите да ги преземат неопходните мерки за истакнување на истакнување на какви било сомнителни транспаренти на натпреварите – се додава во соопштението на УЕФА.

Во соопштението се заклучува дека за санкционирање на ваквите појави е задолжена „Дисциплинската комисија на УЕФА“, која „ќе изрече казни согласно прописите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот