Убиениот кандидат на претседателските избори во Еквадор ќе го замени неговата соработничка Гонзалес

Фернандо Вилависенсио / Фото EPA-EFE/STRINGER

Андреа Гонзалес, соработничка на убиениот кандидат за претседател на Еквадор, Фернандо Вилависенсио, ќе го замени на изборите на 20 август, соопшти нивната партија.

Гонзалес ќе биде кандидат на опозициската центристичка партија по атентатот на Вилависенсио во средата.

Вилависенсио, 59-годишен новинар кој се залагаше за борба против корупцијата во неговата земја, беше втор по рејтингот пред претседателските избори. Претседателскиот кандидат беше застрелан по излегување од предизборен состанок во главниот град Кито.

Оттогаш во поголемиот дел од Еквадор е воведена вонредна состојба, а шефот на државата Гилермо Ласо го обвини организираниот криминал за убиството.

Гонзалес, 36-годишна екологистка, беше долгогодишна соработничка на Вилависенсио.

Таа е особено посветена на заштитата на океаните, на борбата против уништувањето на шумите и трговијата со диви животни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот