Убавата службеничка на Трамп е всушност измамничка: Таа измислила половина од својот живот и се фалела со тоа (ВИДЕО)

фото: Принтскрин

Младата и убава Мина Чанг суптилно се насмевнува на насловната страна на специјалниот број на списанието „Тајм“. Под нејзиниот портрет со големи букви стои: „Го менуваме светот: Модерни хуманитарци во дигиталното време“. На насловната страница на реномираното списание беше само една од многуте фотографии кои оваа млада и успешна жена ги донела за интервјуто објавено со неа на една телевизиска емисија во јануари 2017 година.

Ѕвездата на ТВ-шоу своето гостување го заработи поради борбата против екстремизмот. Покрај тоа, оваа директорка на мала непрофитабилна огранизација, како што се претстави пред водителката, во тоа време беше и виш вработен во Стејт департментот, пренесува „Вашингтон пост“. Разговорите се фокусираа на напорите за спречување на терористичките групи како што се Боко Харам и ИСИС. Во петтата минута од разговорот, водителката на шоуто ги повика гледачите да „ги разгледаат фотографиите што Мина Чанг ги донесе во студиото и да сведочи за нејзината работа ширум светот“.

На екранот се појави насловната страница на списанието „Тајм“, а презентерката Мери Сит не можеше да го сокрие задоволството.

– Еве го списанието „Тајм“! Честитки! Кажи ми – како се случи? праша таа.

Чанг објасни дека нејзината организација користела „беспилотна технологија за да спречи катастрофи“.

– Претпоставувам дека така го привлеков вниманието – и рече таа самоуверено на водителката. Единствената работа што не ја призна е дека насловната беше лажна.

Лажната насловна е само една од нејзините многубројни измислени биографии, кои за прв пат беа поставени како прашања на вестите на „NBC“, откако откриле дека 35-годишната измамничка на Трамп ја „разубавила“ својата биографија со бројни измислени податоци. Како што рекоа – ова е постојан проблем со администрацијата на Трамп. Целосно непочитување на „алармите за тревога“ при проверка на потенцијалните вработени и лицата што ги именуваат во неговиот тим. Минатата година „Вашингтон пост“ ја пренесе приказната за 24-годишниот Тејлор Вејнет, кој работеше прво во неговата кампања, за потоа да биде промовиран на чело на канцеларијата за наркотици во Белата куќа. Откако беше објавена приказната за неговите сомнителни квалификации од страна на „Вашингтон пост“, Вејнет беше избркан од функцијата во февруари 2018 година, по повеќе од една година.

Во август, Трамп го повлече својот потпис од документот со кој се бара неговиот директор за национално разузнавање да стане републиканецот Џон Ратклиф од Тексас. Ратклиф се пофали дека, како федерален обвинител, тој „уапсил повеќе од 300 илегални имигранти во еден ден“, но „Вашингтон пост“ откри дека сето тоа е само лага. Откако најави промена на плановите, Трамп упорно се обидуваше да ја одбрани Белата куќа од скандалот за неуспехот да го потврди кредибилитетот на Ратклиф.

– Јас го давам името на кандидатот на медиумите, и тие го проверуваат. Така заштедувам многу пари – рече Трамп.

Последната проверка на медиумите тогаш донесе уште неколку проблематични случаи, а овој пат беше Мина Чанг која стана извршен секретар во Канцеларијата за операции на конфликти и стабилизација во април. Во еден момент, таа беше во игра дури и да се кандидира за работно место во Азиската канцеларија на Американската агенција за меѓународен развој, но ова назначување беше повлечено без објаснување.

Претставниците на Белата куќа и Стејт департментот не одговорија на барањата за коментар или прашања за нејзините наводни квалификации. Агенцијата, исто така, не дозволи Чанг да коментира за ништо или да дава интервјуа. Исто така е нејасно дали таа ја поминала проверката на безбедносните служби, што е редовна постапка за службените лица на нејзино ниво. Во својата официјална биографија на страниците на Стејт департментот, Чанг ја користела истата фотографија што се наоѓа на лажната корица на магазинот „Тајм“. Таа овде пишува дека била „алумни на Харвардската бизнис школа“, која одржала говори на конгресите на демократите и републиканците.

Слична биографија беше објавена на веб-страницата на непрофитната организација Нова Америка. Таа својот Твитер го користела за самопромоција, но од пред два дена таа одеднаш стана недостапна.

– Чанг ја заврши својата програма на Харвард, но ниту приближно до тоа што го има наведено во биографијата – Мајстор за деловна администрација. Чанг присуствуваше на осумнеделен курс познат како „напредна програма за управување“, изјави Брајан Кени, директор за маркетинг и комуникации на бизнис школата во „Харвард“, за „Вашингтон пост“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот