УБАВА ВЕСТ: Јануарските пензии се зголемени за 2,9 проценти

Фото: mia.mk

Од утре почнува исплатата на пензиите, а тие ќе бидат поголеми за 2,9 проценти, извести Министерството за труд и социјална политика.

– Согласно член 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување „Пензијата се усогласува од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи објавени од Државниот завод за статистика. Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија го утврдува и објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 7 од 12 јануари 2022 годинаДвижењето на индексот на трошоците на животот во Република Северна Македонија, според кое индексот на движењето на трошоците на живот во второто полугодие од 2021 година (период: јули – декември 2021 година) во однос на првото полугодие од 2021 година (период: јануари – јуни 2021 година) изнесува 2,9  проценти.  Во исплатата на јануарската пензија се пресметува и зголемувањето на пензиите согласно усогласувањето член 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување – појаснија од Министерството во изјава за „Слободен печат“.

Јануарските пензии почнуваат да се исплатуваат од утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот