Уапсени лицата кои вчера пукаа на Матка

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во скопските села Глумово и Рашче ги лишиле од слобода С.М.(46), Е.Б.(32), С.И.(24), И.Р.(24) сите од Глумово и К.В.(24) од Рашче поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство”.

Како што информира МВР,  С.С.(31) од село Глумово вчера во 20:20 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 15:00 часот додека со неговите браќа С.С. и А.С. биле на работно место во Планинарскиот дом Матка забележал дека М.С. пука со пиштол кон неговиот брат А.С., до кого биле и М.С. и И.С., кои носеле пиштоли, И.С. кој носел нож, Ќ.С. носел бејзбол палка и Р.Е. Во еден момент Ќ.С. со бејзбол палка физички го нападнал пријавителот. По настанот пријавените го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Како што објавивме, вчера имало пукање на езерото Матка. Две групи се скарале кој да ги вози туристите со чамец по езерото. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот