Уапсени 10 полицајци во рација за нелегални казина во Косово

Јетиш Малоку, главен обвинител во покраината Гњилан, изјави за новинарите дека полицијата уапсила најмалку 35 лица осомничени за нелегално коцкање, проституција, трговија со луѓе и поседување дрога и оружје.

Најмалку 10 полицајци се уапсени во голема акција против нелегални казина во Косово, пренесува Индекс.хр.

Стотици полицајци учествуваа во рација во селото Карачево на границата со Србија. Полицијата соопшти дека станува збор за најголемата акција од ваков вид на Косово, спроведена по едногодишна истрага.

Косово минатата година го забрани коцкањето за да се сузбие криминалот.

Јетиш Малоку, главен обвинител во покраината Гњилан, изјави за новинарите дека полицијата уапсила најмалку 35 лица осомничени за нелегално коцкање, проституција, трговија со луѓе и поседување дрога и оружје.

Најмалку 10 лица од уапсените се гранични полицајци кои наводно помагале во нелегални активности што се одвивале преку границата меѓу Косово и Србија.

Во акцијата се демолирани 12 илегални коцкарници, а полицијата запленила голем број слот апарати, соопшти полицијата.

Прочитајте и...  Таравари: Во Гостивар ќе имаме пет мерни станици за квалитетот на воздухот

Поврзани вести

Алијанса на Албанците: Николовски да одговори дали се согласува со непотизмот на ДУИ?

Слободен печат

Нови рестрикции во Словенија: Се затвораат градинки, хотели и дел од продавниците

Слободен печат

Путин сподели свои сознанија: Во Нагорно Карабах загинале близу 5.000 луѓе на двете страни

Слободен печат

Ќе вроди ли со плод објаснувачката мисија на Георгиевски во Софија?

Маријана Митровска

Бугарскиот министер за здравство: Лекарите се уморни, истоштени, а дел од нив и заразени

Слободен печат

Заев нема да поднесе оставка ако Бугарија стави вето

Слободен печат

Остави Коментар