Уапсен поранешен хрватски пратеник и освојувач на олимписки медал: Ја силувал жртвата, а потоа и се заканувал (ВИДЕО)

Дамир Шкаро, поранешен хрватски пратеник на ХДЗ, освојувач на олимписки медал во бокс е уапсен поради обвинувања од една вработена во Авто клубот Сигет за силување.

Загрепската адвокатка Морана Рабар кажа дека Шкаро го пријавила докторката на која жртвата ѝ раскажала дека била силувана на почетокот на август. Жртвата накнадно го пријавила Шкаро и за закани.

Рабар кажа дека таа во тој случај е ангажирана како помош на жртвата и на државното обвинителство од кое очекува кривично да го гони Шкаро бидејќи станува збор за кривично дело.

„Шкаро беше уапсен во средата, полицијата ја информираше жртвата бидејќи е должна тоа да го направи“, кажа Рабар, додавајќи дека силувањето се случило една сабота на почетокот на август.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот