Уапсен најбараниот македонски криминалец

Фото: Архива

Германската полиција во Хамбург го уапси 37-годишниот Божидар Ристов кој од македонската полиција е баран за да одлежи во земјава казна затвор од над 32 години.

Против Ристов МВР има распишано 11 национални и една меѓународна потерница.

За него се знае дека е сторител на повеќе кривични дела поврзани со измами, фалсификување и телесни повреди сторени на територија на нашата држава.

Ристов има повеќе пресуди од нашите судови, со вкупно изречена казна затвор од 32 години и 5 месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот