У19: Ракометарките убедливо поразени од Данска на Европското првенство

фото: РФМ

По стартниот пораз од Црна Гора, денеска македонската женска младинска репрезентација на Европското првенство за ракометарки до 19 години во Романија во групата „Д“ од Данска со 39:27.

Го имавме само почетното водство од 1:0, потоа успеавме да израмниме на 3:3 и 4:4, а на 5:5 противникот направи серија од 7:1.

Данска ја одржуваше својата стекната позитива од четири-пет голови разлика, а при 23:28 данската репрезентација имаше нова низа на погодоци, на семафорот веќе имавме и двоцифрена негатива од 25:35, што ги реши сите дилеми околу победникот.

За нашата селекција најефикасна беше Ива Младеновска со седум голови, еден помалку имаше Сара Стефаноска.

Второто коло ќе биде комплетирано со натпреварот помеѓу Чешка и Црна Гора (18.45 часот).

Последниот трет меч во оваа група избраничките на селекторот Јулијана Дамчевска ќе го имаат на 9 јули против чешките ракометарки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот