У17: Нашите фудбалерки стартуваа со победа на квалификацискиот турнир во Драч

Македонските женски фудбалски надежи славеа над Албанија/фото: ffm.mk

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години успешно ги започна квалификациите во рамките на лигата Б за пласман на Европско првенство 2023 година што ќе се одржи во Естонија.

Во првиот натпревар избраничките на селекторот Катерина Милеска славеа убедлива победа од 5:2 против селекцијата на Албанија на стартот од квалификацискиот турнир.

Младите фудбалерки поведоа во 13 минута со погодокот што го постигна Митковска. Домаќинот на турнирот успеа во 33 минута да го израмни резултатот преку Метоха.

Само една минута подоцна Аго постигнува гол за комплетен пресврт и предност на Албанија од 2:1. Ѓорѓиева во последната минута од првиот дел успеа да погоди за израмнување на предноста.

Во 52 минута Павловска погоди за предност на Македонија. Истата фудбалерка во 72 минута се запиша по вторпат во листата на стрелците, а во 87 минута Василева го постави конечниот епилог.

На 21 октомври ќе го играме вториот меч против Косово, а три дена подоцна ривал ни е репрезентацијата на Молдавија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот