Турските лешници во „Нутела“ – голем проблем за Салвини

Фото: EPA/ Giuseppe Lami

Италијанскиот опозициски лидер на десницата Маето Салвини денес изјави дека повеќе не е фан на кремот „Нутела“, откако открил дека чоколадниот крем содржи и лешници од турско потекло, а не италијански плодови, пренесуваат медиумите.

Салвини, кој ја предводи националистичката партија Лига, претходно објавуваше селфиња на социјалните мрежи додека ужива во парчиња леб намачкани со популарниот крем „Нутела“, кој го произведува компанијата „Фереро“. Според пишувањата на „АП“, тој на вчерашниот митинг во градот Равена рекол дека се предомислил во врска со овој производ.

– Дознав дека „Нутела“ користи турски лешници, а јас повеќе сакам да им помагам на компаниите кои користат италијански производи. Повеќе јадам италијански производи и им помагам на италијанските фармери – рече Салвини откако една жена од толпата му понуди сендвич со чоколадниот крем.

„Фереро“ досега не ја коментираа изјавата на Салвини. Италјанската компанија Алба е еден од најголемите светски купци на лешници, но италијанското производство не е доволно за одржување на производството на „Нутела“.

Партијата Лига на Салвини е позната по мотото „Италијанците на прво место“ и ги „брани“ производите кои се направени во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот