Турската полиција заплени 5 тони дрога во меѓународните води

EPA/TUMAY BERKIN

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека денес во утринските часови реализираше антинаркотична акција во којашто беа запленети 5 тони канабис во прав и беа уапсени 13 лица.

6 лица, помеѓу кои и едно женско лице, се фатени во меѓународните води за време на транспортирање на наркотични средства, а другите припадници на групата се уапсени за време на истовремена операција на турската полиција во Истанбул, Измир и Текирдаг.

Според турското МВР групата е следена 4 месеци за конечно да биде фатена денеска за време на транспортиње на наркотични средства надвор од земјата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот