Туристичките агенции не се ни цариници, ни полицајци: Граѓаните лично одговараат за веродостојноста на ПЦР тестовите

Јуни 2020 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Вадењето и валидноста на ПЦР тестовите е одговорност на патниците и што се вели оди на „нивна душа“, а туристичките агенции и превозниците, не се истражители, за да проверуваат дали во групите кои ги возат, се „протнале“ и некои фалсификувани документи. Агенциите со кои контактираше „Слободен печат“ се децидни дека тие немаат обврска да вадат ПЦР тестови за патниците, освен ако има изрична желба кога се работи за групно патување. И тогаш, тие единствено може да го организираат тестирањето, односно да закажат ден и час во некоја од овластените и сертифицирани лаборатории и тука завршува се.

-На почетокот на пандемијата добивме листа на сертифицирани лаборатории, кои нудеа групно тестирање со одреден попуст. Досега, барем кај нас, имаше еден, единствен обид со понуда од наша страна да закажеме групно тестирање за патување, но клиентите го одбија тоа, а турата се откажа. Целата измината година, патниците сами си вадеа здравствени документи од лабораториите кои ги вршат ваквите проверки – објаснува за „Слободен печат“, Дончо Нацев, сопственик на туристичката агенција „Арбо травел“.

Нацев е дециден дека обврската за вадење ПЦР тест е на патниците, а не на организаторот на патувањето, што значи дека клиентите одговараат за валидноста на документите кои ги приложуваат.

-Ние не сме ни цариници, а ни полицајци за да проверуваме, ниту пак имаме техничка можност да го правиме тоа. Ваквата ситуација наликува на времето кога се бараа визи за за нашиот јужен сосед, кога секој си одговараше за валидноста на документот. Според Законот заштита на податоци, откако ќе издадеме ваучер, ние сме должни дури и да ги избришеме личните податоци на странките, за да не се случи нивна злоупотреба – потенцира Нацев.

При контрола на автобус на „Деве Баир“: Откриени 30 фалсификувани ПЦР тестови, приведени двајца албански државјани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот