При контрола на автобус на „Деве Баир“: Откриени 30 фалсификувани ПЦР тестови, приведени двајца албански државјани

Македонска полиција / Фото: МИА

При контрола во автобус на туристичка агенција од Скопје на граничниот премин „Деве Баир”, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции денеска откриле 30 PCR тестови за ковид-19 за кои постои основано сомнение дека се невалидни, односно дека не се извадени од овластена медицинска установа. Тестовите биле приложени од патниците и по направени дополнителни проверки биле одземени, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Двајца албански државјани, како што се посочува, биле лишени од слобода и биле изведени пред судија на претходна постапка.

За останатите 28 патници, македонски државјани ќе бидат направени дополнителни проверки и против нив ќе бидат поднесени пријави до Основното јавното обвинителство по член 206 и член 378 од Кривичниот законик, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот