9.2 C
Скопје

Турција седум дена по ред бележи црни рекорди со коронавирусот

Седми ден по ред во Турија има зголемување на бројот на жртви од коронавирусот и секојдневно се редат само црни рекорди, и покрај напорите на турските власти за запирање на вториот бран од Ковид-19, јавуваат британските медиуми.

Турција очекува неделава да дојде до закрепнување на економијата по големиот пад од почетокот на годината, но тоа закрепнување, што клучно зависи од политичката поддршка на претседателот Ердоган, може да биде загрозено од ширењето на коронавирусот.

Турците ги заострија мерките, па дури и воведоа полициски час за време на викендите, но досега тие не дадоа значајни резултати во запирање на ширењето на болеста.

Само вчера во земјата од Ковид-19 умреа 185 лица, 45 проценти повеќе отколку во пикот на првиот бран во април, а црните рекорди почнаа да растат од 23 ноември, кога починаа 153 лица, и оттогаш бројот на смртни случаи се зголемува секој ден.

Прочитајте и...  Политичарите во Шпанија се вацинирале пред приоритетните групи

Во последните 24 часа во земјата се пријавени повеќе од 29.000 нови случаи, а во саботата беше урнат рекордот од 30.103 случаи. Но, тука мора да се каже дека властите ги бројат само пациентите со симптоми, додека во овој број не се вклучени асимптоматски случаи.

Лекарите и опозициските политичари предложија уште посилни ограничувачки мерки, но владата сакаше да избегне ескалација, бидејќи кафулињата, рестораните и хотелите веќе беа сериозно погодени од мерките.

Извор.МИА

Поврзани вести

Се подготвуваат измени на законот за игри на среќа-АСОМ не ги прифаќа

Слободен печат

Политичарите во Шпанија се вацинирале пред приоритетните групи

Слободен печат

Во Албанија продолжува трендот на раст на новозаразени од Ковид -19

Слободен печат

Работници од Турција затекнати непријавени на објект во Скопје

Слободен печат

Членките на ЕУ на Балканот го спречуваат европското „прелевање“ во регионот

д-р Хамза Карчиќ/Анадолу

Сообраќајот по наместа влажни коловози, снег врне на Попова Шапка

Слободен печат

Остави Коментар