Турција почна офанзива „Пролетен штит” како одмазда за загинатите 33 војници во Идлиб

Фото: EPA-EFE/TURKISH DEFENSE MINISTRY

Офанзивата е почната како одговор на смртоносниот напад на сириските сили врз турските позиции во ова провинција од пред три дена, кога загинаа 33 турски војници.

Турција почна офанзива против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во северозападната сириска пртовинција Идлив

Офанзивата е почната како одговор на смртоносниот напад на сириските сили врз турските позиции во ова провинција од пред три дена, кога загинаа 33 турски војници.

-Операцијата „Пролетен штит”, почната по ужасниот напад од 27 февруари во Идлиб, успешно се спроведува, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.
„Успешно продолжува операцијата „Пролетен штит” што беше почната на 27 февруари како одговор на нападот врз турските војници. До денеска се уништени еден дрон и осум хеликоптери, 103 тенка, 72 хаубици, три системи за ПВО и убиени се 2.212 војници на режимот на Асад”, ги пренесе податоците на министерот тускиот канал НТВ.
Турскиот министер за одбрана нагласи дека целта на офанзивата „не е судир со Русија”.
-Нашата задача е да ги спречиме злосторствата кои ги прави режимот на Асад, да ги елиминираме радикалните елементи и да го спречиме бранот миграција, нагласи Акар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот