Турчинка натепана од продавач на Бит Пазар

фото: илустрација / Pixabay

Турчинка била натепана на подрачјето на Бит Пазар од страна на вработен во продажен објект.

– На 16.07.2023 во 11.30 часот во СВР Скопје, И.С.(41) од Република Турција пријавила дека околу 10.30 часот на подрачјето на Бит Пазар пред влез на продажен објект, по претходно недоразбирање, била физички нападната од С.Б.(29) од Скопје, вработен во објектот, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот