Тухел го „прогласи“ Баер Леверкузен за нов шампион во Бундес лигата

Томас Тухел/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Баерн се „откажа“ од титулата оваа сезона во германскиот фудбалски шампионат, а по 11 години наскоро Бундес лигата според моменталната ситуација во генералнот пласман ќе добие нов првак.

Баер Леверкузен оствари нов триумф на домашен терен против Хофенхајм (2:1), а во дербито Баерн Минхен загуби пред своите навивачи од Борусија Дортмунд.

На седум кола до крајот на натпреварувачката сезона на првото место на табелата е Баер Леверкузен со 73 бодови, 13 повеќе од второпласираниот Баерн.

После завршувањето на мечот против Дортмунд, тренерот на Баерн, Томас Тухел призна дека трката за шампионскиот пехар е завршена и веќе го „просласи“ Баер за нов германски шампион, што би била прва бундеслигашка титула во историјата на клубот.

– Му честитам на Баер Леверкузен. Трката за титулата е завршена – беа зборовите на Тухел пред новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот