ВИДЕО: Дортмунд чекаше 10 години за нов триумф над Баерн во Минхен

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Фудбалерите на Борусија Дортмунд вечерва во Минхен го победија домашниот Баерн со 2:0, во натпреварот од 27 коло во Бундес лигата.

Последен пат „милионерите“ славеа победа во Минхен после 10 години или точно 3641 ден. Ова е прва победа на Дортмунд против Баерн Минхен од 2014 година и прва по 2019 година.

Дортмунд поведе во 10 минута со голот на Карим Адејеми, а победата ја обезбеди Јулијан Руерсон во 83 минута.

Фудбалерот на Баерн Хари Кејн постигна гол во 89 минута, но по употребата на ВАР технологијата голот беше поништен поради офсајд.

Актуелниот шампион Баерн го претрпе петтиот пораз и е втор на табелата со 60 бодови, 13 помалку од водечкиот Баер Леверкузен, кој е единствениот непоразен тим во Бундеслигата.

По четвртата последователна победа, Дортмунд се наоѓа на четвртото место на табелата со 53 бодови и има три бода помалку, но и натпревар повеќе од третопласираниот Штутгарт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот