Ципрас: Со мојот колега Заев решивме проблем кој е клучен за регионот

– Заедно со мојот колега, Зоран Заев, успеавме да го решиме проблемот со името меѓу Грција и Северна Македонија, нешто што е особено клучно за регионот на Балканот – рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговото обраќање во Дубровник за време на Конференцијата на иницијативата „16+1″, пренесува дописничката на МИА од Атина.

– Сметам дека ова е многу критичен момент за светските и регионалните случувања и треба кризата да ја оставиме зад нас и да изградиме нови темели за поддршка на нашата регионална и глобална соработка. Па така, она што ние се обидуваме да го постигнеме е да се соочиме со предизвиците како што се споровите во нашиот регион. Конкретно, неодамна, заедно со мојот колега, Зоран Заев, успеавме да го решиме проблемот со името меѓу Грција и Северна Македонија, нешто што е особено клучно за регионот на Балканот, рече Алексис Ципрас во обраќањето на Конференцијата и ги спомена, „грчките иницијативи за привлекување инвестиции во регионот”, како што е кинеската инвестиција „ Cosco” во Пиреја и соработка за иницијативата „One Belt, One Road”.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на маргините на конференцијата била одржана и средба на премиерите на Северна Македонија, Грција и Хрватска на која станало збор за соработката меѓу трите земји.

-Според дипломатски извори, хрватскиот премиер им честиташе на Грција и Северна Македонија за Договорот од Преспа. Во овој контекст, се разговараше за соработката на Грција и Хрватска за почеток на пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ, објави АНА-МПА.

Грција оваа година прв пат учествува во Иницијативата 16+1. Претходно, причината за неучеството беше поради тоа што Кина и останатите земји учеснички ја имаа признаено Република Северна Македонија под тогашното уставно име.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот