Тројца полесно повредени полицајци примени во болница по вечерашните протести

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (поранешна Градска болница) примени се тројца полесно повредени полицајци од протестите што вечерва се одржаа пред Собранието, потврди за МИА директорката на болницата, Нермин Шаќири.

– Бидејќи не работат рендген-апаратите, тие се препратени во Клиничкиот центар на снимање, но немаат сериозни повреди – вели Шаќири.

Претходно, полицајци за МИА изјавиле дека покрај тројцата повредени припадници на МВР, оштетено е и полициско возило, а целосно е уништена куќарката за обезбедување на Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот