Трогателниот чин на американски станодавец: Ѝ ја простил киријата и ѝ оставил ќеси со храна

Трогателниот чин на американски станодавец стана вирален на социјалните мрежи откако ја изненадил потстанарката со порака дека не треба да ја плати киријата овој месец и оставил намирници за нејзиното семејство.

Кристина Мари сподели фотографија од намирниците што станодавецот ги оставил на тремот кога му рекла дека ќе остане без нив

Мари напишала дека нејзиниот станодавец Адам ѝ се јавил и ѝ рекол да не се грижи за киријата и ја прашал дали има храна. Кога му рекла дека има уште три пакети месо, наскоро добила порака да отиде во ходникот, а глетката што ја затекнала ја оставила без зборови.

Имено, кога ја отворила влезната врата, на прагот здогледала десетина ќеси полни со храна, во кои биле вклучени и основните производи, какви што се леб, млеко, зеленчук, пелени и уште многу други.

„Моето срце е толку трогнато. Бог да те благослови“, напиша Мари на Фејсбук.

SOOO My landlord Alan called me earlier and told me not to worry about rent this month and we will worry about it later…

Publiée par Christina Marie sur Lundi 6 avril 2020

Корисниците на социјалните мрежи низ светот, исто така, споделија приказни за нивните станодавци што им донирале пакети, картички за подароци или им ја простиле киријата поради пандемијата на коронавирусот.

На почетокот на април, вирална стана приказната и за станодавецот од Бруклин, кој исто така им ја простил киријата на 200 свои потстанари.

Исто така, жена од Канада пишува дека станодавец им ставил гифт-картичка во вредност од 50 долари под вратата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот