Три собраниски комисии ќе одржат денешни седници

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите и Законодавно-правната комисија.

На својата прва седница Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, ќе разгледа преставка од граѓанин.

Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите
ќе го  разгледа Предлог Деловникот за својата работа и Предлог Одлуката за ангажирање на двајца технички експерти за постојана поддршка во Комисијата.

Пред Законодавно-правната комисија единствена точка на дневниот ред е Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во второ читање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот