Три нови занимални се градат во градинката „Детелинка“ во Ѓорче Петров

Три нови занимални се градат во рамки на детската градинка „Детелика“, клон на градинката „Росица“, со кои треба да се зголеми капацитетот за згрижување за нови 90 деца.

Занималните треба да бидат завршени до почетокот на ова лето. Две од занималните се градат со средства од Министерството за труд и социјална политика во висина од 11 милиони денари, а една со средства во висина од 3 милиони денари од општина Ѓорче Петров на чија територија се наоѓа градинката.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски рече дека изградбата на овие три занимални треба да заврши за три месеци, по што треба да следи опремување на занималните.

-Со ова капацитетите ќе се прошират за нови 90 места, до јули жителите на овој дел од Ѓорче Петров од урбаната заедница Мирче Ацев ќе добијат место повеќе за своето дете. Истовремено со средства од МТСП и Светска банка, Волково ќе ја добие најсовремената градинка во земјава со капацитет да згрижи 175 деца, а веќе е изготвен проект за нова детска градинка која треба да се гради во Ново Село. Со тоа ќе се намали листата на чекање за сите пет објекти од градинката „Росица“,  информира Наумовски.

-Раниот детски развој дружењето, учењето преку игра, психосоцијалниот и когнитивниот развој на децата претставуваат предуслов за нивна подготовка за основното образование. Како МТСП продолжуваме во градење нови градинки и проширување на постоечките со цел до крајот на 2024 година да обезбедиме дополнителни места за уште 7.500 деца, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која изврши увид во градежните активности во градинката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот