Три лица уапсени за криумчарење мигранти

Жител на село Муртино превезувал девет мигранти од Сирија, во врска со настанот упасени се уште две лица кои му помогнале на Т.П. (20) во криумчарењето на мигрантите, соопшти МВР.

-Околу 19.30 часот на локалeн пат за село Габрово, струмичко, кај место викано Габровски водопад и на регионалниот пат Струмица – Банско, кај село Свидовица, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Т.П.(20) од село Муртино, кој управувал патничко  возило „крајслер војаџер“, со струмички регистарски ознаки, во кое превезувал девет лица – мигранти од Сирија и З.А.(22) од село Банско, кој управувал патничко возило „бмв Х5“, со струмички регистарски ознаки- информира МВР.

Во врска со настанот, од слобода биле лишени и С.Ѓ.(25), од село Муртино, Е.М.(30) од село Банско и Д.М.(25) од село Банско.

Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Струмица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот