Трамп: Соборивме ирански дрон

Фото: EPA / Mike Theiler

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потврди дека САД собориле ирански дрон, кој претставувал опасност за американски брод во Ормускиот Проток.

– Нема сомнеж, го собoривме, категорично изјави Трамп.

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон, исто така, нагласи дека „не треба да постои сомнеж оти тоа беше ирански дрон”.

Претходно, иранското Министерство за надворешни работи демантираше дека САД собориле ирански дрон, туку дека тоа било американско беспилотно летало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот