Трамп посветил САМО 15 минути на самитот за климатски промени

Фото: EPA

Американскиот претседател Доналд Трамп посветил 15 минути на самитот за климатски промени во седиштето на ОН во Њујорк и го напуштил собирот, откако ги сослушал говорите на Ангела Меркел и индискиот премиер, Нарендра Моди.

Трамп изненадно се појавил на собирот за климатски промени, но не зборел пред аудиториумот кој се занимава со изнаоѓање на начини на кој светот ќе надомести 10 билиони долари, кои фалат бидејќи САД се повлекле од меѓународната иницијатива.

Поранешниот градоначалник на Њујорк Мајкл Блумберг, кој е специјален претставник на ОН за климатски промени, се заблагодарил на Трамп што „поминал“ и изразил надеж дека работите кои ги слушнал „ќе помогнат кога ќе ја дефинира политиката според климатските промени“.

Репликата на Блумберг предизвикала смеа и аплауз во ОН.

„Сега имаме околу седум билиони. Целта е 10 билиони за да го покриеме фактот дека САД се повлекле“, рекол францускиот претседател Емануел Макрон.

Фондот од десет билиони долари е основан за да се помогне на сиромашните држави во решавање на проблемите од настанатите климатски промени. Учеството во фондот го удвоиле Велика Британија, Франција, Норвешка, Германија, Данска и Шведска.

Критичарите на Трамп во САД тврдат дека Америка со неговата одлука да се повлече од Парискиот договор суштински ја изгубила улогата на главна движечка сила во процесот на надминување на последиците од климатските промени.

Американскиот претседател, но и неговите соработници, во повеќе наврати повториле дека не ги гледаат климатските промени како директен проблем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот