Трамп објави бизарен спот против Бајден, алудира дека е педофил (ВИДЕО)

Џозеф Бајден. Доналд Трамп. / Фото: Архива на Слободен печат

Исто така, на количката под натписот „Бајден претседател“ стои и натписот “Твојата коса убаво мириса“, што е алузија на бројните случи кога Бајден на јавните настапи одеше во личниот простор на жени и девојчиња

Доналд Трамп објави уште едно во низата видео снимки кој се комбинација на предизборните спотови и невкусни шеги насочени кон неговиот ривал Џо Бајден.

Во анимираното видео се гледа воз како брза по пругата. Возот на вагоните има испишано „КАГ 2020“, што е скратеница за слоганот на Трамп „Keep America Great” (Да ја задржиме Америка голема), и натпис „Трамп Пенс“.

После тоа по истата пруга поминува Џо Бајден со железничко возило на рачен погон, додека во исто време се слуша аудио снимка од бизарниот монолог на Бајден за неговото искусто од младоста кога бил спасувач на јавен базен.

Во тој монолог Бајден вели: „Сакам кога децата ми скокаат во скут“.

Исто така, на количката под натписот „Бајден претседател“ стои и натписот “Твојата коса убаво мириса“, што е алузија на бројните случи кога Бајден на јавните настапи одеше во личниот простор на жени и девојчиња, им ја мирисаше косата, ги милуваше, им ставаше рака на рамената и грбот, ги бакнуваше, им шепотеше на уво или на друг начин искажуваше нежност.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот