Трамп не го загрижуваат проектилите на Северна Кореја – Слободен печат
ВестиПланета

Трамп не го загрижуваат проектилите на Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека не е загрижен за неодамнешното лансирање проектили од Северна Кореја и изрази уверување дека лидерот на таа држава, Ким Јонг Ун, ќе ги исполни ветувањата што ги дал.

„Северна Кореја испука неколку мали проектили, што ги вознемири некои од моите луѓе и другите, но не и мене”, напиша Трамп на Твитер.

Американскиот претседател е во официјална посета на Јапонија, и се очекува да разговара за севернокорејската нуклеарна програма со домаќинот, јапонскиот премиер Шинѕо Абе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close