Трамп ќе се обрати пред новинарите на 6 јануари, една година по нападот на Капитол Хил

Доналд Трамп
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/Erin Schaff

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска најави дека на 6 јануари ќе одржи прес-конференција, на првата годишнина од нападот на неговите приврзаници на Капитол Хил, пишува Гардијан.

Републиканскиот милијардер рече дека ќе зборува за претседателските избори одржани во ноември 2020 година во Мар-а-Лаго во американската сојузна држава Флорида, повторувајќи без основа дека на тие избори му биле украдени гласови.

Трамп ја критикуваше парламентарната комисија задолжена за истрага на нападот на Капитол Хил, сметајќи дека е „екстремно пристрасна”.

Според него, треба да се спроведе истрага за „лажните претседателски избори” во 2020 година.

– Ќе одржам прес-конференција на 6 јануари во Мар-а-Лаго за да разговараме за тоа, рече Трамп, оценувајќи дека бунтот се случил на 3 ноември, кога се одржаа изборите.

Трамп, кој загуби на изборите во 2020 година со повеќе од седум милиони гласови од демократот Џозеф Бајден, во последните месеци навести дека би можел да се кандидира за уште еден претседателски мандат во 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот