Трамп: Фаучи е катастрофа, луѓето се уморни да го слушаат него и сите тие идиоти

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Американскиот претседател Доналд Трамп, поради управување во криза предизвикана од пандемијата на коронавирус, денеска упати остри критики за експертот за заразни болести, Ентони Фаучи, нарекувајќи го „катастрофа” и дека „луѓето се уморни од Ковид-19″, јавија медиумите во САД кои се повикуваат на изјави на новинари кои го слушале разговорот.

– Луѓето се уморни од коронавирусот, луѓето се уморија од слушање на Фаучи и сите тие идиоти”, рекол претседателот, според новинарите кои го слушнале разговорот.

Трамп додал дека Фаучи, кој раководи со Националниот институт за алергија и заразни болести од 1984 година, е „пријатен човек”, но тој е „тука 500 години”. Шефот на државата, исто така, рекол, но без да обезбеди докази, дека ќе имало 800.000 смртни случаи од коронавирус во САД, ако тој ги следел советите на Фаучи.

– Фаучи е катастрофа”, нагласил Трамп.

Во интервју за американска телевизија, експертот за инфективни болести коментира дека „воопшто не бил изненаден” што Трамп се заразил со коронавирус, затоа што организирал масовни настани со минимални мерки за социјално растојание и носење маски неколку дена пред да се разболе.

Анкетите за јавното мислење покажуваат дека Американците повеќе му веруваат на експертот отколку на претседателот. Една студија од „Њујорк Тајмс“ во јуни покажа дека 67 проценти од Американците имаат доверба во Фаучи како извор на информации за пандемијата. Само 26 отсто го велат истото за Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот