Трајковски не се враќа во Мајорка, се сели во Саудиска Арабија

Александар Трајковски потпишал договор на 18 месеци со Ал-Фајха/Фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Денеска беше објавено од данските медиуми дека македонскиот репрезентативец предвреме ќе ја заврши позајмицата во редовите на Алборг и дека најверојатно ќе се врати во шпанската Мајорка.

Напаѓачот Александар Трајковски според најновите информации нема да се врати во „Ла Лига“, туку се сели во Саудиска Арабија.

Трајковски преку Агенцијата Џеваир Менаџмент во трансфер вреден околу 1,5 милион евра во саудискиот клуб Ал-Фајха.

Македонедцот се согласил за договор на 18 месеци, со опција за продолжување на соработката на уште една година.

Претходно во клупската кариера беше дел од екипите на Цементарница 55, Интер Запрешиќ, Зулте Варегем, Мехелен и Палермо. Во Саудиска Арабија веќе настапува еден наш репрезентативец, тоа е Езџан Алиоски кој ги брани боите на Ал-Ахли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот