Трајанов: Попишувачите да бидат вакцинирани

Фото: Миа

 Претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник, Павле Трајанов во вечерашната емисија на 24 Aнализа смета дека треба да има попис, затоа што е потребен за планирање за натамошен развој на државата. Тоа не е спорно, но спорни се неколку моменти околу разгранучивање кое е резидентно население, а кое не, забележува Трајанов.

– Мора да се одвои кои се тие кои живеат тука. Тоа беше клучна забелешка. Јас предложив ако е можно експерти од сите политички партии да бидат повикани од директорот на Завод за статистика. Пописот треба да добие поддршка од сите партии. Тоа што е пропуштено во Законот, да се вгради во методологијата и таа ќе биде согласно сите стандарди, вели Трајанов.
Тој рече дека со Рамковниот договор се затвораме во етнички гета и тоа ќе не подели. Вели дека има многу коментари до неговата партија, дека во услови на пандемија, не треба да има попис. Трајанов предлага сите кои ќе бидат вклучени во пописот да бидат вакцинирани за да не се загрозува здравјето на попишувачите и на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот