Трагедија во Танзанија: Најмалку 13 мртви во судир на патнички автобус и локомотива

Полиција во Танзанија / Фото EPA-EFE/STR

Најмалку 13 лица загинаа, а 25 се повредени во судир на патнички автобус и локомотива денеска во регионот Сингда во централна Танзанија, соопшти локалната полиција.

Портпаролката на полицијата Стела Мутахибирва рече дека „бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи повеќето од 25-те повредени се во тешка состојба”.

Таа додаде дека во автобусот, кој се движел кон Мванза од трговскиот центар Дар ес Салам, имало 57 патници.

Автобусот удрил во локомотивата на железничкиот премин околу 5:00 часот по локално време.

„Изгледа дека возачот на автобусот се обидел да помине низ железничкиот премин без да ги следи безбедносните мерки на претпазливост“, рече Мутахибирва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот