Трагедија во САД: Момче загинало јавајќи бик на своето прво родео

Родео бик/ Фото: Thankful Photography / Alamy / Alamy / Profimedia

14-годишно момче загинало за време на неговото прво возење со бик на родео во Северна Каролина. Инцидентот се случил во саботата, за време на зимското родео „Рафтер К Родео“ во градот Кинг. Организаторите веднаш повикале брза помош. Деним Бредшо наводно доживеал срцев удар откако бил однесен во болница каде подоцна починал. Аманда Пакет, чиј син, исто така, учествувал во родеото, за локална ТВ станица изјавила дека го видела бикот како гази Деним откако тој паднал од него.

„Минатата ноќ беше најдолгата ноќ во мојот живот. Мојот прекрасен 14-годишен син замина кај Господ. Се разбудив во кошмар кој ќе трае до крајот на мојот живот!” напишала неговата мајка Шенон Бауман на Фејсбук, пренесува Скај Њуз.

Сестрата на момчето на страницата „ГоФандМи“ изјавила дека ова му е прв пат да јава бик.

„Тој претходно гледаше како луѓето го прават тоа и се заљуби. Чизмите, каубојските капи – го сакаше сето тоа. На 28-ми јануари требаше да го јава својот прв бик, беше многу возбуден. Никој од нас не можевме да замислиме дека ова прво возење ќе ја предизвика неговата смрт“, напишала сестрата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот