ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Почина 4-годишното девојче кое таткото го остави во автомобил на плус 40

Хрватските медиуми јавуваат дека во болницата во Риека починало четиригодишното девојче што нејзиниот татко го остави во автомобил без клима, на високи температури.

Пред пет дена таткото го оставил девојчето за да не го буди, но не ја вклучил климата, а прозорците ги затворил за да не навлегува прашина од градилиштето.

Девојчето без свест по два часа го пронашле работниците кои повикале Брза помош.

Извори од истарската полицијата за хрватските медиуми вчера соопштија дека против 33-годишниот татко е поднесена кривична пријава.

„Не можеме во целост да ги соопштиме деталите за настанот, но можеме да потврдиме дека завршено е криминалистичкото истражување и дека до државното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријавa против 33-годишен хрватски државјанин под сомнение дека сторил кривично дело повреда на правата на детето“, изјави портпаролката на истарската полиција, Наташа Витасовиќ.

Законот за такво кривично дело предвидува затворска казна од една до осум години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот