ТРАГЕДИЈА: Боксер почина среде борба (ВИДЕО)

фото:shkodrasport.com

На боксерскиот турнир во Скадар, Албанија, се случи вистинска трагедија откако младиот 21-годишен боксер од Бугарија, Исус Величков починал среде борба. Тој починал во петтата рунда во дуелот со домашниот боксер Ардит Мурја.


Величков во кобната за него петта рунда, примил неколку силни удари во главата по што паднал во бесознание. Веднаш во рингот влегоа медицински лица кои се обиделе да му помогнат на несреќниот Величков, а потоа веднаш бил префрлен во болница каде што лекарите не успеале да му го спасат животот.

Првичните информации се дека Исус Величков починал од срцев удар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот