Томас Маркл: Филмот за Хари и Меган е „глупава фикција“

За филмот за љубовната приказна за принцот Хари и Меган Маркл свое мислење даде и таткото на војвотката од Сасекс, Томас Маркл.

Тој тврди дека е многу разочаран од филмот „Хари и Меган: Да се стане дел од кралското семејство“. За ТМЗ рекол дека неговото незадоволство од филмот е во начинот на кој е прикажан неговиот однос со ќерка му, и филмот го нарекол „глупава фикција“.

На кралската венчавка Томас не присуствуваше, а Меган до Хари ја испрати принцот Чарлс. Во медиумите е прикажано дека Томас не присуствувал на венчавката поради срцеви проблеми, но други медиуми сметат дека причините се поинакви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот