„Тојота“ излета од пат

Сообраќајка/Илустративно фото: МИА

Вчера, во раните утрински часови, на автопатот Скопје – Велес, возило „тојата корола“ излетало од патот.

Возачот, Н.С. (48) од Србија и сопатничката С.Е. (58) се повредени и со возило на Итна помош се пренесени во болницата во Велес.

– На 30.5.2019 година во 6 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес во близина на с. Б.Село, велешко, патничко моторно возило „тојота корола“ со српски национални ознаки управувано од Н.С.(48) од Србија, излетало од патот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатничката С.Е.(58) се здобила со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Велес, велат од СВР велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот