Тодоров им се обрати на новите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ: Работете за државата, не за партијата

Никола Тодоров. / Фото: Архива на Слободен печат

Немојте да правите ништо за партијата. „За партијата сум спремен сé да направам” е најглупавата премиса и позиција која можете да си ја прифатите. После вас ќе дојдат други кои исто така ќе се колнат во партијата, ќе сметаат дека е нивна и дека сé од нив почнува,  пишува Никола Тодоров, екс министер за здравство и образование во колумна за Дојче веле, обракајќи им се на новоизбраните градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ќе зборуваат дека никој пред нив ништо не направил, дека 35 години државата тапка во место и дека баш тие се политичката генерација која ќе ја донесе промената. Така е тоа во политиката, па онаа „дај друго дете“ е, за жал, лошата константа. Затоа, мудро. Не за партијата, туку за државата. Ако правите сé за партијата, државата ќе ве казни, а партијата ќе ве заборави. Ако правите сé за државата, така правите и сé за партијата, па не е важно што државата или партијата можеби ќе ве заборави, туку важно е што нешто добро ќе направите, пишува Тодоров.

Како што вели тој, секој е заменлив на секоја функција, освен на таа во своето семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот