Тивкиот мозочен удар не покажува симптоми, лекарите открија 5 знаци по кои можете да го препознаете

Фото: Профимедиа

Кога размислуваме за мозочен удар, симптомите за кои знаеме дека го придружуваат се нејасен говор, вкочанетост, губење на движењата на лицето или телото. Но, тивкиот мозочен удар не мора воопшто да покажува симптоми. Тоа се случува кога одеднаш снабдувањето со крв во дел од мозокот се прекинува, лишувајќи го мозокот од кислород и оштетувајќи ги мозочните клетки.

Тивкиот мозочен удар го спречува протокот на крв во делот од мозокот кој не ги контролира функциите како што се говорот или движењето, така што можеби нема ни да забележите дека се случил мозочен удар. Стручњаците велат дека повеќето луѓе дознаваат дека го имале кога ќе се подложат на МР скенирање или КТ скенирање за некоја друга состојба.

Третирајте ги вашите фактори на ризик: висок крвен притисок, дијабетес, висок холестерол и атријална фибрилација. Бидете физички активни и вежбајте. Јадете овошје и зеленчук и намалете го внесот на сол, шеќер и масти, а исто така ограничете го консумирањето на алкохол. Не пушете. Научете да ги препознавате раните симптоми на мозочен удар и веднаш побарајте помош. Студија од 2003 година покажала дека една третина од луѓето постари од 70 години имале барем еден тивок мозочен удар.

Лекарите споменуваат пет знаци кои се силно поврзани со тивкиот мозочен удар.

1. Когнитивни проблеми: Тие можат да бидат резултат на серија тивки удари. Имено, познато е дека доколку дојде до тивок мозочен удар, тој влијае на нештата како памтењето и размислувањето. Зборувајќи за тоа како мозочните удари можат да влијаат на други работи, знаеме дека постои цела подгрупа на деменција која се вика васкуларна деменција, која ја имаат многу луѓе кои имаат деменција, и всушност, е поврзана со тивките мозочни удари.

2. Неспретност: Тивкиот мозочен удар може да предизвика симптоми за кои мислите дека се нешто друго, како што се случајна неспретност или пропусти во меморијата. Решавањето на кардиоваскуларните фактори на ризик, како што се високиот холестерол и високиот крвен притисок, ги намалува шансите за мозочен удар и ризикот од тивок мозочен удар.

3. Губење на рамнотежата: Тивкиот мозочен удар се однесува на мозочен удар кој не предизвикува никакви забележливи симптоми. Повеќето мозочни удари се предизвикани од згрутчување кое го блокира крвниот сад во мозокот. Блокадата спречува крвта и кислородот да стигнат до подрачјето, предизвикувајќи мозочните клетки да изумрат… Во зависност од локацијата на згрутчувањето, тоа може да предизвика симптоми како што се слабост во раката или ногата (што може да предизвика пад) или проблеми со говорот или со видот.

4. Губење на меморијата: Тивкиот мозочен удар влијае на делот од мозокот одговорен за памтењето, а оштетувањето може да се влоши со повторени удари.

„Колку повеќе оштетувања на мозокот имате од тивките мозочни удари, толку потешко е мозокот да функционира нормално“, вели д-р Фјури, вонреден професор на медицинското училиште на Харвард и директор на Службата за мозочен удар во општата болница во Масачусетс.

5. Проблеми со говорот: Знак за тивок мозочен удар може да биде ненадејна тешкотија во зборувањето. Важно е да го посетите вашиот матичен лекар ако постои загриженост за невролошки симптоми како што се слабост или тешкотии во говорот, бидејќи тивките мозочни удари ги доведуваат луѓето во ризик не само за идни симптоматски мозочни удари, туку и за когнитивен пад и деменција. Радиолозите треба да пријават, а клиничарите да реагираат на тоа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот