Тинејџер со аутизам забележал проблем со автомобилот на сосетката: Неговиот гест ќе ве воодушеви

unsplash

Тинејџерот Метју Чексфилд со својот гест освои многумина. Имено, 14-годишното момче ја изненадил својата сосетка со порака, нов бандаж и упатства за негова инсталација.

Ти благодарам многу Метју, продолжи да го правиш ова што правиш“, напиша еден корисник на „Редит“ кој објави фотографија од пораката која ја добила неговата мајка.

„Здраво! Се викам Метју, имам 14 години и сакам сè што е поврзано со автомобили, особено тркала и бандажи. Имам и аутизам, што ми овозможува да забележувам и да меморирам детали и лесно да ја забележам разликата помеѓу бандаж и моделот на автомобил на кој припаѓа истиот. Имам колекција бандажи што ги наоѓам во грмушки, на паркинзи итн“, напишал тинејџерот, откривајќи дека откако ќе најде некој бандаж детално го мие, го чисти и го проверува дали е комплетен и секако, исправен.

So this got left for my mother. A HUGE thank you to Matthew, keep doing what you’re doing! from bristol

Ги чувам во мојата колекција, но сепак претпочитам да им ги давам на луѓето на кои им недостасуваат“, продолжува тој во писмото.

Метју забележал дека на неговата сосетка ѝ недостасува бандаж што за среќа го има во својата колекција.

Моите родители ми помогнаа да ви го оставам, ако се одлучите да го ставите на својот автомобил. Се надевам дека ќе ви се допадне“, заклучи тој, а неговите родители на крајот од писмото додале дека не станува збор за измама и дека деловите ги спакувале носејќи маска и ракавици поради пандемијата на коронавирусите.

Овој гест ги воодушеви луѓето кои го пофалија трудот на тинејџерот.

На светот му требаат повеќе луѓе како Метју“, беше само ден од многуте коментари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот