Тимур Дибиров го продолжи договорот со ППД Загреб

фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Како што официјално пренесуваат од хрватскиот ракометен шампион, нови договори добија Тимур Дибиров и Паоло Краљевиќ.

Левото и десното крило ја продолжија соработката и ќе го носат дресот на ППД Загреб и во следните две години.

Дибиров сезонава е најдобар стрелец на клубот во ЕХФ Лигата на шампионите, моментно има 59 постигнати голови.

ППД Загреб во групата „А“ се бори за влез во осминафиналето на ЛШ, после 11 одиграни натпревари е на шестото место со осум бодови.

Дибиров (39) е инаку поранешен член на РК Вардар 1961 со кој успеа двапати да биде европски шампион во 2017 и 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот