Тестирањето на моќта на светските лидери – копнеж за изградба и заштита на граѓанските слободи

Фото: EPA-EFE/EMILIO CASTILLO

Кој ја добива моќта и колку моќ треба да има? Ширум светот се води голема дебата за значењето на демократијата, во момент кога демонстранти, медиуми и опозициски политичари поставуваат голема задача за лидерите во светот, анализира Си-Ен-Ен.

Истрагата за отповикување на американскиот претседател е најновиот судир во спорот долг два и пол века за природата и обемот за авторитетот на претседателот на САД – во овој случај дали постои злоупотреба на моќ од страна на Доналд Трамп, кој барал лични услуги во Украина. И Израел исто така, се поставуваат прашањата за ширината на моќта на извршната власт, во момент кога критичарите се прашуваат дали премиерот Бенјамин Нетанјаху го темпирал неговиот судир со Исламски џихад во Газа за да биде потешко за неговиот ривал Бени Ганц да формира влада.

Во Хонгконг, демонстрантите на улица се спротиставуваат на репресијата од кинеската влада, барајќи заштита на граѓанските слободи во момент кога насилството ескалира од двете страни. Масовни протести веќе ја докажаа победата на демократијата во Боливија, „исфрлајќи го“ претседателот Ево Моралес со помош на армијата – но гневот на поддржувачите на Моралес би можел да го ослабе политичкиот консензус кој е потребен за постоење на било каков демократски систем.

И, пред почетокот на генералните избори кои се закажани за во декември, британскиот премиер Борис Џонсон продолжува да работи против, според него, демократскиот парламент, кој одбива да ги испочитува резулатите од референдумот за Брегзит во 2016 година. За возврат, неговите противници го обвинуваат за злоупотреба на моќта со која тој ги оспорува британските закони.

Лекцијата од неодамнешните светски политички превирања е дека светските демократски системи – дури и најстарите – се многу понестабилни отколку што сите мислеа. Избраните моќници сега ја тестираат демократската одговорност во Индија, Турција и ширум источна Европа. Но, масовните демонстрации во Хонгконг, Боливија, Либан, Ирак и на други места, покажуваат дека демократијата останува еликсир за луѓето секаде во светот кои копнеат да ги изградат или заштитат нивните слободи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот