Тест: Одговорете на прашањата и откријте нешто ново за себе и вашата психа

Фото: Pexels / Kelly

Различни тестови на личноста може да ви покажат и откријат нешто ново за вас и вашата психа. Овој тест е еден од нив. Освен што овие прашања ќе откријат многу за вашиот менталитет и личност ќе имаше можност и да се забавувате.

Додека го читате секое прашање, треба да ја визуелизирате ситуацијата во вашата глава. Вашиот одговор запишете го или запомнете го, пишува „Мајндс џрнал“.

Прашања

1. Шетате во шума, но не сте сами. Со кого шетате?

2. Продолжувате да одите, но гледате животно. Кое животно го гледате?

3. Што се случува помеѓу вас и животното? Дали бегате, зборувате или нешто друго…

4. Одите подлабоко во шумата и одеднаш излегувате во чистинка и има куќа пред вас. Опишете каква куќа гледате.

5. Важно прашање: Дали куќата е оградена?

6. Одлучувате да влезете во куќата, да отидете во трпезаријата и да ја видите масата. Опишете што гледате на и околу масата.

7. Излегувате од куќата низ другата врата и гледате чаша во тревата. Од кој материјал е чашата?

8. Што правите со чашата?

9. Одите до работ на имотот и наидувате на водена површина. Што гледате: река, езеро, океан, поток…

10. Како ја преминувате водата?

Стигнавме до крајот на тестот. Одговорите што сте ги запишавте ќе ви покажат кои се вашите идеали во животот.

Одговори

1. Личноста со која одите е најважната личност во вашиот живот.

2. Големината на животното е симбол за вашата перцепција за големината на вашите проблеми. Колку е помало животното, се соочувате со мали проблеми.

3. Тежината на интеракцијата што ја имате со животното е показател за тоа како се справувате со вашите проблеми.

4. Големината на куќата од соништата ја покажува големината на вашата амбиција да ги решите проблемите. Колку е поголема, толку повеќе имате амбиции да ги подмирите сите сметки.

5. Ако сте замислиле куќа без ограда, тоа укажува на вашата отворена личност. Луѓето се добредојдени во секое време. Присуството на ограда го покажува спротивното. Би сакале луѓето да не доаѓаат ненајавено.

6. Ако вашиот одговор не вклучува храна, луѓе или цвеќиња, тогаш генерално сте несреќни.

7. Издржливоста на материјалот од кој е направена чашата одговара на вашата перцепирана издржливост на врската со личноста наведена во број 1. На пример, пластиката, стаклото и хартијата се за еднократна употреба, додека металот и пластиката се издржливи.

8. Она што го правите со чашата е показател на вашиот однос кон личноста која ја замисливте. Ако ја кршите, ја нарушувате врската со таа личност, ако ја носите со себе, го задржувате она што го имате.

9. Големината на водата ја покажува големината на вашата сексуална желба.

10. Колку сте влажни додека поминувате низ вода, укажува на релативната важност на вашиот сексуален живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот