Тензиите на границата со Кина ја натераа Индија да го забрза купувањето на руски С – 400

Москва и Њу Делхи во 2018 година склучија договор за испорака на руските ракетни комплекси С-400, во вкупна вредност од пет милијарди долари. Според договорот, системите треба да бидат испорачани во Индија до крајот на 2021 година.

Индискиот министер за одбрана, Раџнат Синг најави дека ќе ја посети Русија каде ќе се сретне со рускиот колега Сергеј Шојгу. На посетата главна тема на разговор ќе биде намалувањето на роковите за испорака на руските ракетни системи С-400, пред се, поради тензиите долж границата со Кина, пренесува Блумберг.

На средбата се очекува двете страни да го разгледаат инцидентот во Ладак, како и можностите за зацврстување на индиската одбранбена способност.

Москва и Њу Делхи во 2018 година склучија договор за испорака на руските ракетни комплекси С-400, во вкупна вредност од пет милијарди долари. Според договорот, системите треба да бидат испорачани во Индија до крајот на 2021 година.

Освен од овие ракетни комплекси, Индија има интерес и за купување на 33 нови авиони ловци „МиГ-29″ и „СУ-30МКИ”. За време на посетата на Москва индискиот министер за одбрана се очекува да го постави и прашањето за купување на резервни делови и други детали од руската воена техника.

Блумберг наведува дека Русија е најолемиот испорачувач на одбранбена опрема и оружје за Индија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот