Тензии на Медитеранот: Турција обвинува пет држави дека создаваат „Алијанса на злото“

Ова е одговор на конференцискиот повик од Грција, Кипар, Франција, Обединетите Арапски Емирати и Египет.

Во понеделникот министрите за надворешни работи на Грција, Кипар, Франција, Обединетите Арапски Емирати и Египет одржаа конференциски повик во кој ги осудија активностите на Турција во источниот Медитеран, како и нејзините воени операции во Либија, кои се спроведени согласно договорот на Обединетите нации, поддржан од Владата на националниот договор (ГНА). Анкара побрза да одговори на овој напад.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксои обвини пет земји, Грција, Кипар, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Франција за создавање „регионален хаос“ во источниот Медитеран, додека се обидувале да формираат „Сојуз на злото“, откако министрите за надворешни работи на овие државите, заеднички ги ограничија активностите на Турција во регионот.

– Ги повикуваме овие земји да дејствуваат во согласност со здравиот разум, меѓународните закони и пракси.Мирот и стабилноста во регионот може да се воспостават преку чесен и оригинален дијалог, а не „сојузи на злото“- рече вчера портпаролот.

Аксои исто така ја обвини Франција за „патронирање“ на наводниот сојуз, додека ОАЕ ги обвини за „непријателство“ против Турција и инсистираше на тоа дека и Грција и Кипар ги поткопуваат обидите на Анкара да има конструктивен дијалог.

Коментарите на портпаролот следуваа по телеконференцијата на министрите за надворешни работи на петте држави, кој се одржа во понеделникот, каде министрите разговараа за турските активности во спорното крајбрежје во близина на Кипар, како и за нејзините воени активности во Либија.

Анкара не ја признава владата на Република Кипар и е единствената земја во светот што го призна постоењето на Турската Република Северен Кипар, по поделбата на островот во 1974 година.

Минатата година, таа потпиша договор за поморски граници во Средоземното Море и договор за воена соработка со меѓународно признатата либиска влада, поддржан од ОН.

Некои народи, вклучително и Египет, го сметаа за нелегален договорот за разграничување на границата, додека Турција започна  со активности за бушење (дупчење) гас во спорната источна медитеранска зона, на што Грција и Кипар остро се спротивставуваат, бидејќи Кипар тврди дека има исклучиво економско право во таа област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот