Температурата на површината на океаните го собори минатогодишниот рекорд

Тихи океан / Фото: Jay Silver Professional Services / ImageSource / Profimedia

Просечната дневна температура на површината на океаните во светот во март го собори рекордот поставен во 2023 година, достигнувајќи ја „највисоката температура досега забележана“ од 21,2 степени.

Според податоците од Климатскиот реанализатор на Универзитетот во Мејн и Националната океанска и атмосферска администрација на САД (NOAA), глобалното затоплување исто така доведе до зголемување на температурите на површината на океаните.

Според податоците, највисоката температура на океаните во 2023 година е измерена во август од 21,1 степен, додека овогодинешниот рекорд на температурата на површината на океанот од 21,2 степени е соборен уште во март.

Вработен во NOAA, Грегори С. Џонсон изјави за Си-Ен-Ен дека просечната глобална температура на океаните измерена во 2023 година е за 0,25 степени повисока отколку во 2022 година, а ова зголемување одговара на 20 години затоплување за една година.

Џонсон изјави дека очекуваат овие рекордни температури да продолжат да се бележат со зголемување на концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот