Тејлор Свифт заработува 13 милиони долари од ноќ, на крајот од турнејата ќе заработи неверојатни 1,3 милијарди долари

Тејлор Свифт на концертот во Чикаго / 3 јуни 2023 / Фото: Shanna Madison / Zuma Press / Profimedia

Aмериканската пејачка Тејлор Свифт од продажба за концертите во рамките на турнејата „Ерас“ заработува повеќе од 13 милиони долари на ноќ и е на пат да оствари најголема заработувачка од концерти во историјата на музиката.

Најголем дел од парите одат за трошоци за организација, а таа сума не вклучува дополнителни милиони долари од продажбата на стока во рамките на турнејата „Ерас“, пишува „Блумберг“.

Свифт е на пат да заработи повеќе од милијарда долари, праг што ниеден уметник никогаш не го достигнал. Според индустриското издание „Полстар“, во текот на 22 дена од турнејата, таа заработила 300 милиони долари.

Планирани се 50 настапи во САД, а потоа продолжува шестата концертна турнеја на Свифт во странство.

„Полстар“ проценува дека вкупната заработувачка на турнејата би можела да надмине 1,3 милијарди долари. Просечниот билет за концерт на Тејлор Свифт чини 254 долари.

Седум од 25-те најпродавани изведувачи во првата половина од годината исто така наплаќаат повеќе од 200 долари за настап. На листата се наоѓаат Брус Спрингстин со 224 долари, Фиш со 206 долари и Џорџ Стрејт со 282 долари. Пред само пет години, единствените двајца изведувачи кои надминаа 200 долари беа Бритни Спирс и Селин Дион.

Најголемиот изведувач таа година, Ед Ширан, настапуваше во просек за 89 долари од ноќ. Оттогаш, просечната цена на 25-те најпродавани концерти скокна за 37 долари, што покажува дека цените на билетите растат побрзо од потрошувачките цени воопшто, според „Блумберг“. Пред 2018 година речиси секој билет чинел од 75 до 130 долари, додека моментално има повеќе врвни изведувачи кои наплаќаат над 200 долари од оние кои земаат помалку од 100 долари по концерт, пренесува Танјуг.

Гледањето на Тејлор Свифт во живо чини 134 долари повеќе отколку пред само пет години, додава американската агенција.

„Не беше сериозно“: Тејлор Свифт и Мети Хили ја прекинаа романсата

Тејлор Свифт ги објави европските датуми од турнејата: Ќе настапи во Виена, Милано и Амстердам

ФОТО | Каде има чад, има и оган: Тејлор Свифт „фатена на дело“ со познатиот рокер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот